НСДП: Наместо за барокни фасади и панорамски тркала парите да се дадат на настраданите од поплавите

Од:

НСДП се огласи преку соопштение за поплавите и штетите кои се предизвикани, од како што велат, немањето на институционални капацитети за навремено справување со временски непогоди .

Еве што стои во соопштението на НСДП:

Штетите кои ги предизвикаа поплавите, предизвикани од поројните дождови, во одделни региони на земјата уште еднаш пред јавноста доведоа да се покаже не само отсуството на институционални капацитети за навремено справување со временски непогоди, туку јавноста можеше уште еднаш да се увери дека Владата во своите буџетски трошење не дава приоритет за настраданите во поплавите, односно човечката несреќа не е доволен повод да се откажат од својот табиет за непродуктивно трошење.

НСДП го смета за крајно лицемерен и морално неодговорен повикот на Mинистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиевски, граѓаните со парични средства да се вклучат во хуманитарна акција за помош на настраданите, во ист момент кога Владата троши за непродуктивни проекти од типот на „Скопје 2014“, како што е градење на споменици, барокни фасади и панорамски тркала. Дрско е Mинистерот кој во својот дом во Прилеп сместил една цела „индустирска зона“ морално да се обидува да се „испере“ во јавноста со емотивни апели во кои бара помош од граѓаните и Црвениот Kрст, притоа изоставајќи ја својата Влада која се научи само да зема, да казнува, а не и да помага кога им е најтешко на своите граѓани.

НСДП ја повикува Владата да стави мораториум на сите непродуктивни трошења и истите средства да ги насочи за помош на настраданите семејства во поплавите и за санација на последиците од истите. На овој начин настраданите граѓани и семејства ќе го добијат она што има припаѓа и им е најпотребно во овие тешки моменти.

Вистински момент е лукративните интереси во трошењето на буџетските пари да се потиснат за сметка на принципот на солидаризирање со настраданите граѓани и семејства.

Би можело да ве интересира

Меѓународен ден за намалување на ризикот од катастрофи: Подготвеноста за поплави почнува дома и спасува животи

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати

Тројца загинати и четворица исчезнати во поплавите во Истанбул

А1он

(ВИДЕО) Хаотични сцени во Истанбул – патишта се уриваат, поројните води носат автомобили, поплавени се болници и метрото

А1он

(ВИДЕО) Силно невреме ја погоди Италија – загинаа две жени

А1он

(ВИДЕО) Двајца работници извлечени живи од тунел во Непал, девет дена по поплавите

А1он