Унковски: Здружението за одбрана на Македонија треба да биде запаметено во тефтерот на срамот

Од:

Слободан Унковски, режисер и професор на својот фејсбук профил го коментираше формирањето на тнр. „Здружение за одбрана на Македонија“. Актерите и уметниците тој ги стави во „тефтерот на срамот“. Според Унковски, дејствувањето на овие уметници, кои застанаа во одбрана на власта, е приказ за режимската култура во Македонија.

Унковски пишува:

„Извадок од списокот од Ќелеш тевтерот/ Поглавие СРАМ, дел Театар, за 5 февруари 2015, на лицата кои, претпоставувам, биле директно контактирани по телефон од највисоко место и биле известени, на нивна радост, дека доброволно и самоиницијативно формирале Граѓанско здружение за одбрана на Македонија/ вод извидница:

5742. Игор Стојчевски, Драмски театар – повратник ( го повтара делото)

5743. Братислав Димитров, МНТ – многукратен повратник

5744. Тони Михајловски, МНТ/ повратник

5745. Ванчо Петрушевски, Драмски театар, исто повратник

5746. Зоран Љутков, Драмски театар, кандидат повратник

5747. Оливер Арсовски, Македонска опера, нејасен статус, ама накај повратник

Од број 5748 до 5847 е резервирано за новопримените кадри во театарските институции во РМ кои денес во текот на денот, најдоцна утре, претпоставувам, исто така доброволно и самоиницијативно ќе се видат како членови на ова здружение/ вод топовско месо.

Колективно ќе влезат и: Здруженијата за Одбрана на црквата во Центар и за напад на општина Центар/ група за логистика и финансии, Здружението Екс Светлина, Бранителите разединети 4, Здружението на историчари глумци во ТВ програми, Здружението на Крушотреси, Мандеклати и Ќосевци, Здружението масажери на студенти по архитектура (сега во пререгистрација – за било кои студенти), Пул на Сојузот на здруженија на административни работници за независно мислење/ Морнарица, Група на млади дронови, Одделението уво, грло, нос од Припор, Здружение Задоволни од данок на хонорари, Професори командоси поддржувачи на Законот за високо образование, водот за специјални операции Контра пленум за се, и други.

КОЕ НАСИЛИЕ ШТО ВЛАСТА ГИ ТЕРА НА ОВА! КОЈ СРАМ ШТО ПРИФАЌААТ. КОЈ БЕЛЕГ ЗА ДЕЦАТА ШТО СИ ГИ СПОМНУВААТ ТАМУ. КОЕ СТРАШНО КОМПРОМИТИРАЊЕ НА ТАЛЕНТОТ. ОДВРАТЕН ТАЛОГ И ПРИКАЗ НА МАКЕДОНСКАТА РЕЖИМСКА КУЛТУРА. КОЛКУ СЕТО ОВА НЕМА ВРСКА СО ОДБРАНА НИТУ СО МАКЕДОНИЈА. ДА НЕ ЗБОРУВАМ ЗА ГРАЃАНСКОТО.“, пишува Унковски

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов