Колачиња со кикирики

Од:

Љубителите на кикирики ќе уживаат во префинетата арома на овие прекрасни колачиња …

Потребно е:
за првиот дел:

300 гр шеќер
100 мл вода
125 гр маргарин (или путер)
100 гр мелени кикирики
125 гр мелени бисквити
125 гр млеко во прав

за вториот дел:
200 гр шеќер
75 мл вода
125 гр маргарин (или путер)
100 гр млеко во прав
100 гр мелени бисквити
150 гр сецкани кикирики

Подготовка:
на првиот дел:

– Измешајте ги водата и шеќерот и ставете ги на рингла. Варете додека не почене да врие и потоа уште 1-2 минути. Во тоа додадете го млекото во прав, мелените бисквити, кикирики и маргарин. Мешајте брзо за да се изедначи целата смеса.

– Оваа смеса сипете ја во тава која претходно сте ја намастиле со малку масло и испрскале со неколку капки лимон. Убаво рамномерно распоредете ја целата содржина.

на вториот дел:
– Во едно тенџерче на рингла растопете го шеќерот со постојано мешање додека не добие фина боја на карамел. Пазете да не го препржите.

– Кога ќе биде готов карамелизираниот шеќер додадете ја водата и оставете да се растопи целиот шеќер. Во тоа додадете го млекото во прав, мелените бисквити, сецканите кикирики и маргаринот (или путер).

– Оваа смеса рамномерно распоредете ја над првата во тавата.

– Оставете го колачот на ладно да се стегне. Кога фино ќе се излади и двете смеси ќе се стегнат убаво исечете го на мали коцки како карамели.

Напомена: По желба можете да додадате малку чоколадни трошки во вториот дел.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска