ФОТО: „Студентски пленум“ со акција за помош на настраданите во поплавите

Од:

„Студентски пленум“ денеска испрати апел за хуманитарна помош на настраданите во поплавите.

„Сочувствуваме со семејствата чии домови беа поплавени, семејства кои најверојатно нема да може да заработат за леб поради поплавените земјоделски поседи, оние на кои животот им е загрозен. Ве повикуваме да се солидаризираме со настраданите семејства од поплавените региони во нашата држава.

Со таа цел, утре (петок, 6 февруари) со почеток во 10 часот, се организира акција која ќе се одвива на улица Македонија, кај споменикот на Мајка Тереза.
Продукти кои се најпотребни: вода, средства за хигиена, конзервирана храна, чорапи и облека, ќебиња.

ФОТО: Пленум ПМФ
ФОТО: Пленум ПМФ

Ги повикуваме сите наши колеги, професори, граѓани, компании да се солидаризираат со настраданите и да одвојат средства за да им се помогне на нашите колеги, пријатели, роднини, сограѓани“, се вели во соопштението од „Студентски пленум“.

Извор: Мета

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

Се стабилизира состојбата по обилните врнежи во земјава

ЦУК алармира: Дождовите предизвикаа сериозни проблеми низ земјава

Горан Наумовски

ЦУК: Поплавени се земјоделско земјиште, дворови, куќи, помошни објекти и магацини за складирање на јаболка во Ресен

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

ЦУК: Се појавија свлечишта, но се поплавени куќи и патишта во Битола, Тетово и Гостивар