Бела торта

Од:

Бисвитно тесто од белки, вкусен бел крем со рендано бело чоколадо и кора од лимон …

Потребно е:
за бисквитното тесто:
170 гр брашно
8 гр прашок за пециво
80 гр шеќер
2 кесички ванилин шеќер
3/4 лажиче сол
80 мл масло
80 мл млако млеко
4 белки, на собна температура
2 лажичиња екстракт од ванила
100 гр путер, на собна температура
ситно изрендана кора од 1/2 лимон

за кремот:
350 мл млеко
4 жолчки
40 гр нишесте
2 кесички ванилин шеќер
1 лажица шеќер
2 лажичиња екстракт од ванила
100 мл слатка павлака
70 гр бело чоколадо, изрендано
ситно изрендана кора од 1/2 лимон

Подготовка:
– За подготовка на бисквитното тесто Во еден сад ставете ги брашното, прашокот за пециво, шеќерот и солта.

– Во друг сад изматете ги белките, па додатете го млекото, маслото, лимуновата кора и екстрактот од ванила.

– Во брашното додадете го омекнатиот путер и матете додека не добиете хомогено ронливо тесто. Во него на два пати додадете ја смесата со белки и матете уште 2 минути додека не добиете хомогена смеса.

– Оваа смеса поделете ја на два дела и испечете две кори.

– Ставете ги да се печат во округол калап за торта со дијаметар 24 см на температура од 170 целзиусови степени 25 минути. Проверете дали е печено со чепкалка за заби.

– Во меѓувреме направете го кремот. Во сад на рингла ставете 250 мл млеко и шеќерот да се варат.

– Во 100 мл млеко разматете го нишестето и жолчките и оваа смеса додадете ја во млекото на рингла кога ќе почне да врие. Варете ја смесата на тивко со постојано мешање додека не се згусне.

– Кремот оставете го малку да се излади, а потоа ставете го во фрижидер и убаво изладете го.

– Во изладената смеса додадете го екстрактот од ванила и коричката од лимон, кратко изматете. Потоа на два пати додадете ја слатката павлака и матете додека не добиете хомоген густ крем.

– Во кремот додадете го изренданото бело чоколада и измешајте со лажица.

– На чинија за сервирање ставете ја првата кора. Полијте ја кората со малку млако млеко и екстракт од ванила во него. Потоа нанесете 3/4 од кремот и поклопете со второта кора. и оваа кора полијте ја со малку млако млеко и екстракт од ванила. Премачкајте со преостанатиот крем и ставете ја во фрижидер да се излади убаво.

Бела торта1

– Кога тортата ќе се излади убаво премачкајте ја со изматен шлаг и украсете по желба.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска