Кривична пријава за шест лица за финансиски криминал од 335.000 евра

Од:

Финансиската полиција разби шестчлена група осомничена дека со финансиски криминал успеала да заработи над 350.000 евра.

Како што соопшти Управа за финансиска полиција, според податоците од истрагата, првопријавениот Б.А сопственик и управител на Друштвото за градежништво, трговија и услуги Бас проект ДООЕЛ експорт-импорт од Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2013 година искажал и доставил невистинити податоци во ДДВ пријавата за влезниот промет каде за наводно извршени набавки на стоки и услуги искористил фалсификувани влезни фактури од правните лица Професионал инвест ДООЕЛ Скопје и Цузо-ес ДООЕЛ увоз-извоз Батинци. Во оваа активност првопријавеиот добил логистика од второпријавениот И.И и четвртопријавениот С.Е кои му помогнале на Б.А да ги доведе во заблуда службените лица задолжени за контрола на повратот на ДДВ, при што успеал да наплати 64.000 евра поврат на ДДВ од Буџетот на Република Македонија.

Првопријавениот Б.А помогнат од второпријавениот И.И за даночниот период 1 април 2013 до 30 јуни 2013 година евидентирал во сметководствената евиденција на правниот субјект Бас Проект ДООЕЛ од Скопје, фиктивни влезни фактури од правното лице Професионал инвест ДООЕЛ Скопје управувано од второпријавениот И.И, врз основа на кои за даночниот период 1 април 2013 до 30 јуни 2013 до Управата за јавни приходи во ДДВ пријавата искажал лажни податоци и извршил неоснована одбивка на ДДВ во износ од 7.700 евра.

Првопријавениот Б.А во периодот август-декември 2013 година помогнат од петтопријавениот И.С искористил и влезни фактури за наводно извршени услуги од правното лице Електро дизајн стс ДООЕЛ увоз-извоз село Студеничани. Со помош на овие лажни фактури првопријавениот го оштетил Буџетот на Република Македонија за дополнителни 20.000 по основ на ДДВ, а како резултат на прикажаните нереални трошоци во завршната сметка на фирмата за 2013 година, дополнитено затаил 11.000 евра данок на добивка.

Второпријавениот И.И во својство на сопственик и управител на правното лице Професионал инвест ДООЕЛ Скопје, со намера да се стекне со противправна имотна корист во текот на 2012 година искажал и доставил невистинити податоци во ДДВ пријавата за период  1 јули 2012 30 септември 2012 година за влезниот и излезниот промет на правното лице Професионал инвест ДООЕЛ Скопје со што успеал да ги доведе во заблуда службените лица задолжени за контрола на повратот на ДДВ и притоа инкасирал од државниот буџет сума од 83.000 евра. Парите добиени од неоснованиот поврат за ДДВ, второпријавениот И.И дел ги подигнал во готово од банкарската сметка на правното лице, а останатите ги префрлил на трансакциски сметки на други физички лица од каде потоа паричните средства се подигнати во готово и истите се користени за различни намени.

Во период од 2010 до 2013 година второпријавениот И.И, првопријавениот Б.А и шестопријавениот Р.И од сметката на Професионал инвест ДООЕЛ Скопје подигнале 192.000 евра за наводни материјални трошоци, патни трошоци и теренски трошоци а парите ги користеле за лични потреби со што второпријавениот сторил кривично дело „Даночно затајување“ бидејќи не пресметал и не уплатил персонален данок од доход по пресметковна стапка од 11,11 отсто во износ од 22.000 евра.

Третопријавениот Џ.С во својство на сопственик и управител на правното лице Џигиелектрик-џс ДООЕЛ увоз извоз од село Батинци, со намера да се стекне со противправна имотна корист, во текот на 2013 година искажал и доставил до УЈП  невистинити податоци во ДДВ пријавата за период 1 јануари 2012 до 31 декември 2012 година за влезниот и излезниот промет на правното лице Џигиелектрик-џс ДООЕЛ увоз извоз село Батинци. Како резултат на оваа измама, пријавениот од Буџетот на Република Македонија си подигнал по основ поврат на ДДВ вкупно 125.000 евра од кои дел подигнал во готово од банкарската сметка на правното лице, а останатите парични средства ги префрлил на трансакциски сметки на други физички лица од кои ги ваделе во кеш.

Во периодот 2012-2013 година третопријавениот Џ.С од банкарската сметка на правното лице Електро дизајн стс ДООЕЛ неосновано подигал парични средства на име материјални трошоци со што затаил 5.000 евра персонален данок на доход.

Финансискиот криминал кој го вршела оваа група осомничени се проценува на сума од над 335.000 евра, за кој износ е оштетен Буџетот на Република Македонија.

Како што соопштуваат од Финансиката полиција, против шесте осомичени лица до Основното јавно обвинителство во Скопје, поднесена е кривична пријава за  „Измама“, „Даночно затајување“, „Фалсификување или уништување на деловни книги“, „Помагање“ и кривично дело  „Поттикнување“. 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Откриена е криминална група за посредување во проституција и илегална трговија со дрога

Горан Наумовски

Четворица приведени за пукањето во Чаир, двајца биле затвореници од „Идризово“

Санкции поради неправилности при вршење јавен превоз со автобус

Предраг Петровиќ

Преку лажни профили на МВР и Интерпол се нуди помош за измамени во “Конти“, предупредува полицијата

Катерина Ѓуровски

Отворен пункт за лични документи во Сарај

Приведен 48-годишник од неготинско село за напад врз малолетниот внук