Телевизијата „Сител“ објави дека најголем дел од доказите биле добиени од компјутерот што се наоѓал во Струга, во станот на синот на поранешниот контраразузнавач, Зоран Верушевски.
Сопругата на Верушевски, која е второобвинета во случајот „Пуч“, му се јавила на синот и му наредила да го искрши компјутерот.
Тој го искршил со секира, но хард-дискот останал целосен и како што објавува „Сител“, од храд-дискот дошле најмногу информации.
Телевизијата објавува и дека дента кога го уапсиле Верушевски, било договорено тој да се сретне со лидерот на опозицијата и дека имало неколку обиди да се достави покана за информативен разговор до неговата сопруга Соња, но таа ниту еднаш не била најдена дома.
Верушевски моментално е на расипт во Јавното обвинителство, а на распитот присуствуваат и адвокатите на сите четворица обвинети во случајот.