ЗНМ ги осуди заканите на Обвинителството кон новинарите

Од:

Здружението на новинари најостро ги осуди заканите од јавното обвинителство за кривичен прогон на новинари доколку објават информации за предмет кој се дел од кривична постапка.

Според ЗНМ, јавниот обвинител нема право да цензурира материјали кои откриваат кривични дела.

Соопштението на ЗНМ ви го пренесуваме во целост:

„Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) најостро ги осудува заканите за кривичен прогон на новинарите упатени од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција ако објавуваат материјали кои што можат да станат предмет на кривична постапка.

Ваквото однесување на обвинителството е бесмислено затоа што дрско бара да се укине улогата на медиумите како коректив на властите во едно демократско општество.

Обвинителството со заканите кон новинарите ги загрозува уставните права и слободи на новинарите и граѓаните. Го потсетуваме Обвинителството дека македонскиот Устав е многу јасен. Тој во член 16 забранува цензура и ја гарантира слободата на говорот, јавниот настап, јавното информирање како и слободниот пристап кон информациите, слободата на примање и пренесување на информации.

Освен тоа овие закани на Обвинителство не се засновани на закон. Не постои таков закон во Македонија што му дава право на обвинителот да воведува цензура за објавување на материјали кои што откриваат кривични дела.

Обвинителството може да повика да не се објавуваат материјали за истрага која е во тек, меѓутоа да се бара необјавување на материјали што можат да бидат предмет на кривична постапка е рамен на апсурд и претставува тешка злоупотреба на институцијата .

ЗНМ ги охрабрува новинарите да не потклекнат на ваквите празни закани кои што немаат никаква законска основа и ги повикува да известуваат согласно Етичкиот кодекс на новинарите, кој бара новинарите да ја почитуваат вистината и правото на јавноста да биде информирана.

ЗНМ ги потсетува новинарите на членот 5 од Етичкиот кодекс, според кој новинарот треба да ги почитува законите во државата, но нема да објави или сокрие ништо што е во спротивност со јавниот интерес“, стои во рекацијата на ЗНМ.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Попречувањето на новинарската работа е недозволиво

А1он

ЗНМ: Грубо прекршување на правата на новинарката Мирослава Симоновска: Повик за итна истрага

Чадиковски ги повика институциите да се најдат сторителите на запаленото возило на директорот и новинар на штипската Телевизија М НЕТ

ЗНМ: Запалено возилото на колегата Серсемов, бараме итна акција на МВР

Судскиот совет одлучи по претставката на ЗНМ: јавен укор за судијата Спировска Панева

ЗНМ: Нова контроверзна пресуда на Основниот граѓански суд Скопје