Непрооден е патот кон Шешково и Праведник

Од:

Непрооден е патот кон кавадаречките села Шешково и Праведник близу Тиквешкото Езеро,  поради свлечишта и одрони кои настанаа како последица на поројните дождови.

– Се појави едно свлечиште до селото Шешково, а оттаму до Праведник уште три. Реагиравме до локалната самоуправа и добивме ветување дека патот ќе биде расчистен најбрзо што може, рече за МИА претседателот на месната заедница Шешково, Влатко Мишков.

Градоначалникот на Кавадарци Александар Панов потврди дека знае за проблемот и кажа дека се преземени активности за негово решавање.

– Преку донација од локални компании кои поседуваат соодветна механизација, патот ќе биде приспособен за движење во најскоро време, нагласи Панов.

Би можело да ве интересира

Николоски: Потребни се координирани мерки за намалување на сообраќајните жртви

Источниот регион повторно под вода: Поплави во Чешиново–Облешево

Горан Наумовски

УХМР: „Жолто ниво на предупредување“ од поплави: Голема е опасноста од излевање на реките

Црвена тревога е прогласена за неколку региони во Грција

Рекордно зголемени водостоите кај Треска и Сатеска

Предраг Петровиќ

Најмалку девет лица загинаа во поплавите во Виетнам