Претседателот на Индонезија Видодо и рускиот претседател Путин денеска размениле пораки во кои шефовите на двете држави се согласиле дека годинава економската соработка меѓу Москва и Џакарта ќе биде значително зголемена. Видодо и Путин пораките ги разменили по повод 65 годишнината од воспоставување на дипломатски односи.
Индонезија и Русија годинава треба да остварат економска размена од над пет милијарди долари.Русија во Индонезија најмногу извезува вештачки ѓубрива, компоненти за авиони и метали, а во спротивна насока најмногу се извезува палмино масло, кафе и какао.
Најава за зголемување на економската соработка во исто време е соопштена и со Велика Британија, чиј шеф на дипломатијата Филип Хамонд денеска во Џакарта со својата домаќинка Ретно Марсуди потпиша договор за унапредување на билатералната трговија и соработка во инвестирањето.
Велика Британија е четвртиот по големина трговски партнер на Индонезија од Европа. Со директни британски вложувања од 1,6 милијарди долари во Индонезија, само во последниот квартал на минатата година, велика Британија станува се позначаен партнер во индонезиската економија.