Mесец на британска филозофија во Македонија

Од:

Во ЕУ инфо центарот во Скопје во понеделникот вечер беше отворен месецот на британската филозофија во Македонија, организиран заедно од Филозофското друштво на Македонија, Филозофскиот факултет при УКИМ и Амбасадата на Велика Британија, со соработка со МАНУ, Фaкултетот за музичка уметност и Меѓународниот славјански универзитет Г.Р. Державин од Свети Николе. Во Инфо центарот предавање одржа професорот Стивен Прист, од Филозофскиот факултет при универзитетот Оксфорд, визитинг професор на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, кој зборуваше за значењето на британските филозофи Томас Хобс, Џон Лок, Џорџ Баркли и Дејвид Хјум.

„Филозофијата нема еден предмет на изучување. Ако изучувате математика учите за бројки, реалноста, ако изучувате социологија, го изучуваме општеството, во физиката го изучувате физичкиот свет… Но, филозофијата нема еден едноставен предмет на изучување, некои нејзини прашања се однесуваат на бројките, други на свеста, нашето постоење, потеклото на универзумот.. Денес зборуваме за британските филозофи, но националното нема многу врска со филозофија, филозофијата е обид да одговориме на прашања и треба да биде отворена за било кој метод за одговорање на овие прашања, дали е тоа зен будизмот, средновековното христијанство или со помош на вештачка интелигенција произведена во МИТ. Мораме да бидеме отворени за многу различни видови на методи за решавање на проблеми. Тоа значи дека има нешто вродено демократски во филозофијата, која станува невозможна ако одбиеме да прифатиме одредени начини на решавање проблеми”, рече Прист во своето предавање.

Британскиот амбасадор во Македонија Чарлс Гарет на отворањето на месецот на британската филозофија, говореше за влијанието кое филозофите можат да го имаат врз историјата.

„Како британски амбасадор голема чест ми е што можам да го помогнам промовирањето на британската филозофија во Македонија. Со професорите Стивен Прист и Кери Смолмен имаме подготвено повеќе фантастични предавања. Јас самиот студирав руски студии во Лондон, што подразбираше изучување на некои од најголемите руски филозофи, но и големите не-руски филозофи кои влијаеле врз руската историја. Одејќи до факултет секој ден пат ме водеше низ гробиштата Хајгејт, каде е погребан и Карл Маркс, и тоа ми беше секојдневен потсетник за влијанието кое филозофијата може да го има во нашите животи”, рече Гарет.

До 6 февруари, предвидени се предавања на одвоени Прист и Смолмен во Филозофскиот факултет, Факултетот за музичка уметност, ЕУ инфо центарот, МАНУ и во Меѓународниот славјански универзитет во Свети Николе. До крајот на февруари, во рамките на месецот на британската филозофија, свои предавања ќе одржат и професорите Марко Ѓошевски, Владимир Давчев и Иван Џепаровски.

Би можело да ве интересира

МАНУ: Во Македонија постои само една национална академија

ВРЕДИ почна да го реализира планот за албанска Академија, ќе ја финансираат општините со нивни градоначалници

Катерина Ѓуровски

Штрајкуваат вработените во МАНУ, бараат повисоки плати

Горан Наумовски

Влен: Академијата за науки и уметности на Албанците не треба да се гледа како контраст или паралелизам на МАНУ

Муртезани: Не можам да тврдам, но има перцепција дека во МАНУ нема пристат за други етнички заедници

Претседателство на МАНУ: Академијата е отворена за сите што ги исполнуваат критериумите, да не се вовлекува во дневнополитички расправи