Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент се огласи со став по повод најновите случувања во Македонија и обвинувањата на премиерот за лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Еве што порачуваат:
Прогресивна алијанса на социјалисти и демократи во Европскиот парламент е длабоко загриженa за развојот на настаните во поранешна Југословенска Република Македонија. Во саботата премиерот, користејќи го ТВ настапот, го обвини лидерот на опозицијата и претседател на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, г-дин Зоран Заев, за шпионажа и насилни закани врз владини службеници, тврдејќи дека г-дин Заев имал намера да го поткопа уставниот поредок. Ова беше проследено со наредба од јавниот обвинител, Заев да го предаде својот пасош и да се јавува во полицијата еднаш неделно. Три други лица се уапсени, вклучувајќи го и поранешниот шеф на Дирекцијата за безбедност на контрараузнавање, г-дин Зоран Верушевски.
Потпретседател Кнут Фленкештајн и европратеникот Ричард Ховит, поранешен известувач за Република Македонија, изјавија:
„Ние ги следиме настаните во Скопје многу внимателно. И понатаму сме загрижени за политичко влијание врз одредени судски постапки и за селективна правда во земјата воопшто. Затоа, бараме независна и транспарентна истрага за обвинувањата, земајќи ги предвид предлозите за зајакнување на владеењето на правото, направени во извештајот за напредокот на земјата од Европската комисија. Слушнавме контрадикторни изјави од премиерот и министерот за внатрешни работи: еден вели дека веќе е обвинет, а другиот дека се уште обвинителството се размислува дали да направите тоа.
Ниту еден медиум, контролиран од власта, не ја пренесе прес конференцијата на Зоран Заев која беше одговор на обвинувањата. Затоа ја повикуваме Владата да обезбеди објективно и транспарентно покривање на настаните поврзани со обвинетиот за време на истрагата. Ова е минимум што можат да направат за да се одбранат пред јавноста“.