Овие парени колачиња се вкусен десерт кој во нашите краеви доаѓа од Турција и станува дел од нашата традиционална македонска кујна.
Подготовка:
450 гр брашно
2 јајца
1 кг шеќер
200 гр урми, ситно сецкани
1 кесичка прашок за пециво
4 лажици сок од лимон
изрендана кора од 1 лимон
3 лажички шеќер
малку цимет
150 гр ореви
250 гр маргарин
1 л вода
2 кесички ванилин шеќер
Подготовка:
– Во еден сад ставете ги прашното, прашокот за пециво, 1 ванилин шеќер, јајцата и истопениот маргарин и замесете меко тесто.
– Тестото оставете го да одмори 15-тина минути. Потоа продолжете со месењето. Ако е потребно додадете уште малку брашно.
– Сега подгответе го филот за татлиите: Во сад измешајте ги оревите, исецканите урми, циметот и 3-те лажици шеќер.
– Од тестото земајте мали топчињасо големина колку орев, стиснете ги меѓу дланките, во средината ставете од филот и стиснете ги убаво за да не испадне филот.
– Вака подготвените татлии наредете ги на тава и ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 220 целзиусови степени.
– Додека татлиите се печат подгответе го шербетот: Во едно тенџере на рингла ставете 1 л вода, 1 кг шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер. По едно 15 минути варење во шербетот додадете го сокот од лимон. Варете го шербетот додека не се згусне и не добие светло жолта боја.
– Кога татлиите бидат печени оставете малку да се изладат и полејте ги со шербетот. Оставете ги неколку часа да го впијат шербетот и потоа послужете ги.