МОН иницира средба за високото образование на 10. февруари

Од:

Министерството за образование и наука, кое го прифати предлогот на Сенатот на УКИМ за расправа од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование, иницира средба идниот вторник (10 фервуари) на која би присуствувале соодветни претставници, делегирани од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје.

Универзитетскиот сенат на Скопскиот универзитет во петокот на седница донесе одлука да му предложи на Министерството за образование и наука да се иницира сеопфатна расправа со наставниците, студентите и сите релевантни чинители во процесот на високото образование, од која ќе произлезат предлози за реформи и подобрувања во високото образование.

–   Имајќи во предвид дека предлогот од наша страна беше оценет како конструктивен и во насока на унапредување на високото образование во земјата, Министерството за образование и наука на ден 10.2.2015 година (вторник) предлага да се одржи иницијална средба на која би присуствувале соодветни претставници, делегирани од страна на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” – Скопје, соопшти МОН.

Министерството посочува дека доколку УКИМ ја прифати иницијативата и согласно со можностите на двете страни, локацијата и временскиот термин на средбата ќе бидат дополнително прецизирани.

Би можело да ве интересира

Почнува аплицирањето за студентски стипендии

(ВИДЕО) Се урна балкон од универзитетска зграда врз студенти, најмалку 10 лица се повредени

Горан Наумовски

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

(ВИДЕО) Полицијата и демонстрантите се судрија пред судот во Нови Пазар

Јаулески: За ваучерите за електронски уред издвоени се 850 милиони денари со кои се опфаќаат над 55 илјади студенти