Потребно е:
3 чешниња лук, ситно сецкани
1 главица кромид, ситно сецкан
маслиново масло
1 лажиче мелен ким
2 лажичиња суво оригано
2 ловорови листови
750 гр мелено јунешко месо
1/4 лажиче чили во прав
4 лажици мелена црвена пиперка
2 лажичиња бибер
4 лажици вински оцет
4 лажици пире од домати
2 конзерви (400 мл) сецкани домати
1,5 конзерва (400 мл) црн грав (исцеден и измиен)
300 мл црно вино
лут табаско сос, по вкус
Подготовка:
– Во едно тенџере на рингла на малку маслиново масло пропржете го кромидот и лукот. Кога ќе омекне кромидот додадете го мелениот ким, ориганото и листовите ловор. Измешајте и оставете го да се динска неколку минути.
– Додадете го меленото месо и динстајте на средна температура додека месото не добие боја.
– Додадете ги биберот, чили во прав, мелената црвена и оцедот. Промешајте. По неколку минути додадете го пирето од домати, сецканите домати од конзерва, гравот и виното на крај. Посолете по вкус. Оставете го јадењето да почне да врие.
– Садот со гравот поклопете го и ставете го да се допече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу час и половина. Од време на време промешувајте го. Кога ќе биде готово додадете табаско, по вкус.