УЈП: Роковите за исплата на хонорарите не се поврзани со пресметките за придонеси

Од:

Управата за јавни приходи денеска преку соопштение појасни дека роковите за исплата на хонорарите не се поврзани со роковите за поднесување пресметки за придонеси.

– Тоа значи дека исплатата на хонорарот треба да се извршува согласно роковите кои меѓусебно ги договориле фирмата-исплатувач и хонорарецот, а кои рокови се наведени во склучениот договор за дело и/или авторски договор или друг договор со кој се определува надоместокот за извршената работа, се наведува во соопштението.

УЈП потсетува дека пресметките за придонеси се доставуваат најдоцна до 10-ти во месецот, а законскиот рок за уплата е 15-ти во месецот. Пресметките се доставуваат од страна на фирмите-исплатувачи на хонорарот или од страна на Фондот на ПИОМ.

Уплата на придонесите врши фирмата само во случај кога работникот има еден договор со кој остварува приход повисок од минималната плата, а кога работникот има повеќе договори, тогаш треба тој да ги достави договорите до Фондот на ПИОМ.

– Врз основа на договорите, Фондот на ПИОМ ја изготвува и доставува пресметката за придонесите до УЈП, а УЈП повратно до Фондот издава декларација за плаќање на придонесите. Понатаму, Фондот на ПИОМ ја доставува декларацијата до лицето-хонорарецот кој има обврска да ги уплати придонесите, појаснува УЈП.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет