МРТ се извини за лажната паника за наводното убиство во Солун

Од:

Уредникот на информативната програма на МТВ, Горан Петрески, се извини за веста на јавниот сервис од саботата- „дека во Солун починал грчки државјанин со македонско потекло, по нападот од членовите на ултра- националистичката „Златна Зора“, објави Алфа телевизија.

Доколку оцени јавноста, вели тој, подготвен е и да ја превземе целосната одговорност, односно да се повлече од позицијата на која застана неодамна.

„Jа прифаќам грешката што си дозволивме да објавиме информација што се темелеше на два односно три извора- електронските изданија на Македонска Нација и Македонска Зора, која за МТВ ја потврди претседателот на СМК- Тодор Петров. Требаше информацијата да ја потврдиме и од трет независен извор. Во оваа пригода им се извинувам на гледачите за забуната и паниката која што ја предизвикавме. Во 21 година независност на оваа држава се случуваа авионски несреќи и други различни трагедии и никому за тоа не му фали влакно на главата. Но ако јавноста цени дека е потребно за развојот на демократијата и медиумите, јас сум подготвен да ја превземам целосната одговорност за случајот“, изјави за АЛФА, уредникот на информативната програма на МТВ, Горан Петрески.

Би можело да ве интересира

Македонскиот сервис на Радио Слободна Европа ќе биде затворен на 31 март

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски

Земјотрес во Грција

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он