Продавачите на уличното списание „Лице в лице“ ќе се вклучат во одбележувањето на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат што се одржува од 2 до 8 февруари во повеќе земји низ светот.
Продавачите на „Лице в лице“ ќе ја одбележат Неделата на продавачи на уличен печат со повеќе активности во Скопје, Струга, Битола и Охрид.
Целта на Меѓународната недела на продавачи на уличен печат е да се слави работата на продавачите на 114 улични списанија и весници од 35 земји од целиот свет и да се поттикне јавноста да размислува за предизвиците и проблемите со кои тие се соочуваат, како бездомништво, социјална исклученост, сиромаштија. Во светот како продавачи на улични списанија и весници работат околу 14.000 луѓе.