Заев: И да ме уапсат, изборните измами, прислушувања, спрегата на судската власт и владата, се ќе се објавува

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, одговораше на новинарски прашања и потврди дека сите докази до еден ќе бидат објавени, а тоа нема да го спречи ниту неговото апсење.

Најбрзо можно, веќе доказите и аргументите ќе бидат споделени со јавноста, согласно осмислено, внимателно, прецизно и јасно сценарио, со коешто, секако, вистината за Македонија ќе ја знае секој граѓанин на оваа наша земја.

Што има во тие докази?

Илјадници граѓани се таргет, повторувам, илјадници граѓани се таргет. Не бирале поединци од врхушката на власта, кој тоа им е таргет. Најверојатно долгите години на ваков начин на владеење ги принудува на тоа. Но, добро е тоа што имаме луѓе патриоти кои си ја сакаат земјата и ги доставиле доказите овде во нашиот двор. Ќе дознаете, ќе дознаете, и за изборните фалсификати, и за тоа каква е таа спрега помеѓу МВР, судството и обвинителството. Ќе дознаете за криминали од невидени размери. Ќе дознаете, ќе дознаете, ама ќе ни се придружите да дознаете. Чекор по чекор ќе дознаете сé.

Останувате на тоа дека информациите се од загрижени граѓани, од служби под контрола на власта, а не како што беше наведено од разузнавачки служби од странски држави?

Илјадници и илјадници граѓани. Не постои опозициска партија во свет којашто може да ги стави под системска контрола на постојано слушање, а дел од нив и на привремено слушање. Не постојат ни такви странски служби. Не постојат ни поединци. Тоа може само државата да го направи. И тоа ќе го видите во целиот овој процес којшто се појавува. Затоа, потенцирам, вистината е дека од луѓе патриоти ова е доставено овде како што доставувале и порано доста материјали во оваа партија. Но, коишто не можеле да продолжат да живеат, гледајќи го тоа што им се случува на нивната, на нашата Република.

Имавте ли средби со премиерот и што зборувавте?

Сите работи коишто СДСМ ги обелодени во јавноста во периодот во функција на непризнавањето на изборниот процес и резултатите, беше акумулирано во пет теми како пет барања. Гласно и јасно соопштени од оваа говорница, уште на самиот почеток на завршувањето на изборниот процес на изборниот ден. Петте теми ги знаат сите граѓани во Македонија. Не може тајно да се преговара за техничка влада, а тоа да го знае цела македонска јавност, дека СДСМ бара техничка влада заради изборните нерегуларности. Точно е дека постоеле обиди да се убрза процесот заради оваа лимбо ситуација којашто сите знаеме дека е недозволива. И точно е дека Извршниот одбор на оваа партија, најголема во опозицијата, во вторникот донесе одлука за закажување на Централниот одбор, со којшто ќе се донесат одлуките за почеток на објавување на доказите. Но, сите знаат дека власта следи сé и сешто и затоа поита да ги преземе овие работи коишто денеска ги гледаме сите во Македонија.

Се обративте до членството на ВМРО-ДПМНЕ вечерва, посочивте да не брзаат многу со своите избрзани реакции како што вечерва се случуваат низ улиците на Скопје. Денешната прес конференија на премиерот безмалку беше според вас толкувана да се амнестира ако може од тоа што вие го имате. Сметате дека ова на премиерот му се последните чекори што ги прави сега за да се спаси од своето членство кое може да се сврти против него?

Едната работа најверојатно е ова, другите две поенти од обраќањето на Никола Груевски веројатно беа следните: дека тоа се тајни странски служби коишто му помагале на Заев затоа што Заев така му кажал. А што мисли премиерот? Ќе му кажам кој ги доставува доказите? И втората работа: се обиде денеска да испрати последна порака за да Заев застане во неговата намера за обелоденување на доказите, со процесот на притворање и судскиот процес којшто го отвори против мене и со неговото обраќање.
Ветив и ветувам, доказите, вистината, аргументите, никој нема право да ги сокрие од нашиот народ. Таму се темелите на уништената слобода и демократија. Тоа нашиот народ го заслужува.

Ако ве уапсат кој ќе ги објави доказите?

Еве овој таму, ене оној таму. Еве некој од нас овде.
Ниту апсењето на Заев, нито на кој било кој поединец од опозицијата, ниту кој било поединец од граѓаните не може да го спречи овој процес којшто претстои пред нашата земја. Затоа зборувам јавно и велам радувајте се! Ќе си ги вратиме споокојот и слободата. Ќе има борба понатаму во животот, бидејќи животот е борба, но ќе ја имаме почитувани граѓани, ееј слободата! Во 21-от век слободата ќе ја вратиме назад.

Од перспектива на денешниорт ден дали сметате дека беше исправно што чекавте толку?

Апсолутно. Кога зборувате за вакви докази и аргументи морате сите претходни работи да ги осмислите, добро организирате за нивниот почеток. Ние закажавме Централен одбор, тие тоа го знаат, и го дознавале и порано. Така што, претпоставувам, не им била лесна одлуката да велзат во еден ваков процес којшто денеска и е на повидок на целата јавност. Но најверојатно тоа се последните моменти на обиди на овој режим со сите сили и средства коишто му стојат на располагање да се обиде да се додржи. И затоа, кон вас новинарите: бидете во духот на слободата на Македонија, бидете чесни и пренесете ги аргументите, сите, нека нашиот народ цени и процени, што е тоа што е добро, што е тоа што е лошо. Ве повикувам сите, во името на слободата во името на демократијата. Ве повикувам сите во името на Македонија, на нашата Македонија, да имате чесен пристап пред овој толку сериозен процес којшто се отвара пред нашата земја.

Што сметате, зошто само вие не сте во притвор од овие кои се приведени?

Само можам да го повторам прашањето. Ако Заев е во притвор, некој од овие луѓе ќе е тој што ќе го обелодени, некој од овие позади вас. Преголем е ризикот за премиерот и врхушката околу него да го стави Заев во притвор. Знаат до каде е забегана работата, и знаат и чувстуваат колку и да се прават дека тоа не е така. Врие народот. Никој не се чуствува комотно и слободно во државата. Тоа како порака го испратија многу граѓани, многу граѓански здруженија и најдрагоцените, студентите, младината, нашата иднина. И знаат каква е состојбата во државата,рече Заев.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Мицкоски да не се правда дека немало пари во Буџетот

Горан Наумовски

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

СДСМ: Очаен е обидот на ДПМНЕ и Стоилковски со невистини и фабрикувани лаги да се напаѓа УЈП

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески