Претседателот на Туркменистан, Гурбангули Бердимухамедов поради суеверие забрани употреба на црни автомобили, а царинските работници од неодамна одбиваат да пријават увоз на возила со оваа боја.
Тие како образложение за тоа наведуваат дека е подобро да се купуваат бели автомобили, бидејќи белата боја носи среќа, за разлика од црната, пренесе „РИА новости“ и додаде дека претседателот започнал да се вози во бел автомобил, а неговиот пример го следат повеќе од 100 официјални лица на Туркменистан.
Бердимухамедов покрај забраната за употреба на автомобили со затемнети стакла и ресонализирани регистарски таблички, издал наредба главните згради да бидат прекриени со бел мермер.
Е. Г.