Најмалку шестмина мигранти утринава се удавиле во морето крај брегот на Мароко, откако потонал нивниот чамец на пат за шпанската енклава во северна Африка, пренесоа британските медиуми.
Четворица од мигрантите на чамецот се исчезнати. Други десет лица од чамецот се спасени во близина на енклавата Мелила. Во чамецорт се наоѓале вкупно 20 лица, вклучувајќи ги и двајцата шверцери, организатори на патувањето.
Во Мароко има две шпански енклави – Сеута и Мелила. Мигранти од цела Африка постојано се обидуваат да се протнат во нив по море или со прескокнување на тројните барикади.