Четворица упасени во нова антитерористичка операција во Белгија

Од:

Белгиската полиција денеска уапси четири лица во рамките на нова антитерористичка опарација, при која се претресени 22 објекти, соопшти Јавното обвинителство на Белгија.

Во соопштението се посочува дека на ниту една од претресените локации во Брисел, Антврепен и неколку помали градови, не е пронајдено оружје.

Операцијата е спорведена против мрежа за регрутирање на доброволци и нивно испраќање на боиштата во Сирија за да се борат на страна на џихадистите.

Обвинителството посочува дека денешната акција не е поврзана ниту со нападите во Париз на почетокот на овој месец, ниту со операцијата против терористите во Варвие кон средината на јануари.

Би можело да ве интересира

Исчезна Белгиец кој планирал планинарење во реонот на Охрид, Струга и Дебар

Катерина Ѓуровски

Седум лица се уапсени во Белгија поради планирање терористички напад

Вооружен напад во Брисел: Има мртви и ранети

Со солзи, белгискиот премиер Де Кро најави оставка по поразот на европските избори

A1on

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Белгија протера руски дипломати

Горан Наумовски