Најмалку 20 убиени во експлозија во џамија во јужен Пакистан

Од:

Најмалку 20 лица се убиени во експлозија на експлозивна направа во една џамија на шиитски верници, во јужен Пакистан, соопштија денеска пакистанските власти.

Според полициски извори, повеќе од други 50 се повредени во терористичкиот напад, извршен по редовната петочна молитва во џамијата.

Нападот е извршен во областа Шикарпур, на југот од Пакистан.

Претставник на полицијата во регионот изјави дека се стравува оти бројот на жртвите може да се зголеми, затоа што како што рече, станувало збор за „моќна експлозија“.

Локалните медиуми тврдат дека експлозијата ја предизвикал бомбаш-самоубиец, но пакистанската полиција одби да го коментира ваквото тврдење на медиумите.

– Истрагата е во тек и засега не е се знае што ја предизвика експлозијата, ниту кој стои зад нападот, изјави претстваник на полицијата во Шикарпур.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Над 20 мртви во бомбашки напад на железничка станица во Пакистан

Катерина Ѓуровски

Иран и Пакистан свикаа итен состанок на муслиманските земји

Горан Наумовски

Пакистан: Најмалку тројца загинати во поплавите, над 100 загинати

Толпа во Пакистан извлече турист од полиција- го запалија на улица

Пакистан: Пет војници загинаа во напад на воен објект

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во Пакистан ненадејно падна снег, загинаа најмалку 35 лица