Домашни переци

Од:

Меки и домашни, печени перечиња. Нека замириса кујната на печено тесто.

Потребно е:
340 гр
 брашно, просеано
половина лажиче сол
1 лажица шеќер
2 + 1/2 лажичиња сув квасец
230 мл топла вода

За премачкување:
120 мл топла вода
1 лажичка сода бикарбона
3 лажици растопен путер
морска сол за попрскување на переците

Подготовка:
– Топлата вода ставете ја во сад во кој ќе ги додадете квасецот и шеќерот. Малку промешајте и оставете да се активира квасецот.

– Во друг сад ставете ги брашното и солта, просеани и полека, со мешање, додавајте ја течноста со квасецот. Мешајте додека да добиете меко тесто.

– Месете го тестото додека да биде меко и да не се лепи. Повремено, додавајте брашно ако гледате дека се лепи. Покријте го со крпа и оставете го на топло да го удвои волуменот, околу 40 минути.

– Рерната загрејте ја на 230 целзиусови степени.

– Нараснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и со нож поделете го на 8 парчиња. Од секое парче формирајте перек.

– Наредете ги во тавче за печење обложено со хартија за печење и секој перек намачкајте го со претходно помешаните топла вода и сода бикаробна. Попрскајте ги со морска сол. Покријте ги со крпа и оставете ги да нараснат уште еднаш 10 минути на топло.

– По 10 минути, ставете ги да се печат во загреаната рерна. Печете ги додека да добијат златна боја.

– Печените переци уште додека се топли премачкајте ги со растопен путер.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска