Во Кочани синоќа беше промовирана книгата „90 години фудбал во Кочани“ од авторите Љубинка Ајтовска,Киро Герасимов,Јордан Минов и Иванчо Захариев, во издание на општина Кочани.
На 120 страници во боја се пренесени документи, фотографии, новинарски записи и сеќавања на живи сведоци на фудбалот во Кочани.
– Книгата е сведоштво за едно време,за голем број љубители на фудбалот,за спортски екипи, натпревари.Од далечната 1924 година кога во Кочани била донесена првата фудбалска топка и изградено првото игралиште кај месноста Слатина па до денес,тоа е сведоштво кое треба да им послужи на идните генерации да учат и ја запознаат историјата на фудбалско Кочани,изјави на промоцијата промоторот Атанас Костовски, истакнат новинар и спортски коментатот во МТВ.
Градоначалникот на Кочани Ратко Димитровски информира дека книгата е печатена со финансиски средства на општина Кочани и со тоа е оттргнат од заборав еден дел од богата спортска историја на Кочанскиот крај.