Новиот саудиски крал Салман објави голема реконструкција во владата и ги смени од функција двајцата синови на својот неодамна починат брат кралот Абдулах.
Кралот Салман бин Абдул Азиз ал Сауд издаде кралски декрет во кој шефот на разузнавачката служба принцот Халид бин Бандар бин Абдула азиз ал Сауд го разреши од должност , информира официјалната саудиска агенција.
Во посебен дектер стои дека принцот Бандар бин Султан, роднина на Абдулах е сменет од местото генерален секретар на Националниот совет за безбедност и функцијата кралски советник, пренесе „Франс прес“.
Исто така сменети се и двајцата синови на починатиот монарх, принц Мишал, гувернер на областа Мека и принц Турки кој управувал со престолнината Ријад.
Оваа реконструкција следи само една недела откако Салман седна на тронот, по смртта на кралот Абдулах (90).
Е. Г.