Кога ќе кажеме кадифено, првата асоцијација е луксуз и раскош, поради тоа што низ историјата благородништвото бирало кадифен материјал за својата облека.
По долго време повторно се враќа во фокус и тоа во црвена, зелена, кралско сина, лилакова и црна боја.
Со оглед дека се работи за ткаенина која е синоним за луксуз, многу е важно да се води сметка и за квалитетот, бидејќи ефектот би бил спротивен од посакуваниот.