Осма победа на Кожув во БИБЛ лигата

Од:

Кошарите на Кожув со максимален учинок од осум победи во исто толку одиграни натпревар, ја завршија првата фаза во регионалната Балканска лига (БИБЛ).

На средбата од 10. коло од Б групата, во Гевгелија, Кожув очекувано и убедливо со 99:59 ја победи албанската екипа Влазнија од Скадар.

Во редовите на гевгеличани најефикасен беше Милан Јањушевиќ кој постигна 15 поени, додека Алексеј Нешовиќ беше стрелец на 13.

Кожув е единствената екипа во БИБЛ лигата која нема пораз, а заедно со Крајова, Морнар и Сигал од Б групата, како и Куманово, Пеќ, Сутјеска и Рилски спортист од А групата, се пласира во втората фаза на БИБЛ лигата.

Во новоформираната заедничка група, ќе се играат нови 8. коло, по два натпревари (дома-гости), и тоа, екипите од А против екипите од Б групата. Натпреварите ќе започнат веќе следната седмица односно на 3 и 4 февруари

Би можело да ве интересира

Кошаркарите на Партизан поразени од Барселона

Кошаркарите на Партизан поразени од Фенербахче во седмото коло од Евролигата

„Во последните осум години тој е најдобриот тренер во Европа“

Предраг Петровиќ

Европскиот првак го напаѓа Фенербахче без тројца играчи

Ефес го “прегази“ Макаби

Предраг Петровиќ

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ