Слатки коцки со јаболки

Од:

Меко тесто како основа, јаболки, а најодозгора крцкаво, ронливо тесто. Навистина неодоливо…

Потребно е:
за ронливото тесто:
140 гр брашно
1/2 лажиче прашок за пециво
100 гр путер
125 гр шеќер

за филот од јаболки:
3 големи јаболки (или помали)
20 гр путер
2 лажици кафеав шеќер
1/2 лажиче цимет во прав

за тестото:
100 гр путер
100 гр шеќер
1 јајце
150 гр брашно
1 лажиче прашок за пециво
1 лажица млеко

Подготовка:
– За ронливото тесто ставете го во еден сад брашното и прашокот за пециво. Додадете го шеќерот и путерот исецкан на ливчиња. Со раце замесете го тестото за да се соединат путерот и брашното. Ќе добиете ронлива смеса. Ставете ја во фрижидер додека ги подготвувате другите состојки.

– Излупете ги јаболките и исецкајте ги на коцкички. Ставете ги во тава во која сте го ставиле путерот со кафеавиот шеќер и циметот. Загревајте ги на повисока температура 1-2 минути со постојано мешање додека не се растопат путерот и кафеавиот шеќер. Потоа смалете ја температурата, поклопете и оставете да се динстаат на тивко околу 5 минути, за да омекнат.

– За тестото, изматете го со миксер омекнатиот путер со шеќерот додека не стане пенест. Додадете го јајцето и повторно убаво изматете. На крај додадете ги брашното и млекото со постојано матење.

– Правоаголна тава со димензии 20х30 см обложете ја со хартија за печење. На дното распоредете го тестото и израмнете го. Над тестото распоредете ги јаболките, а над нив распоредете го ронливото тесто.

– Колачот ставете го да се пече во загреана рерна околу 40 минути. Готовиот колач оставете го да се излади и дури тогаш пресечете го на коцки. Пред да го послужите посипете го со шеќер во прав.

Би можело да ве интересира

По пауза од еден ден, повторно се издаваат електорнските рецепти, прекината била врската меѓу „Мој термин“ и Фондот за здравство

Индиски специјалитет: Приготвување компири во песок

Ана Ололовска

Торта „Чоколадно срце“ со три вида чоколадо

Ана Ололовска

Пилешко на кинески начин со зеленчук и нудли

Ана Ололовска

Чоколаден колач со вкус на ментол

Ана Ололовска

Чорба од целер со кнедли

Ана Ололовска