Вкусна, воздушеста и лесна за подготовка …
Потребно е:
околу 200-250 гр бело брашно (тип 400)
300 гр пире од комири
200 гр сирење
2 јајца
10 гр свеж квасец
1 лажиче сол
1 лажиче шеќер
200 мл погуст јогурт или кисело млеко
150 мл масло
сусам, за посипување
Подготовка:
– Квасецот разматете го во малку топла вода (околу 100 мл) во која сте ставиле 1 лажиче шеќер и оставете го на топло да стаса.
– Во друг сад ставете ги маслото, јогуртот, сол, 1 јајце, 1 белка, издробеното бело сирење и пирето од компири. Во ова додадете го стасаниот квасец и измешајте убаво со дрвена лажица.
– Почнете постепено да го додавате брашното со постојано мешање. Тестото треба да биде многу меко, да се развлекува кога ќе поминете со лажица низ него. Оставете го да стои 2 часа.
– Со лажица вадете неправилни облици и редете ги во подмачкана со масло и посипана со малку брашно тава за печење. Внимавајте парчињата не треба да се допираат едно со друго.
– Премачкајте ги со изматена жолчка и посипете ги со сол и сусам. Потоа покријте ги со крпа и оставете ги да нараснат уште половина час.
– Тавата ставете ја во незагреана рерна и дури тогаш вклучете ја на 200 целзиусови степени. Печете ја додека да добие убава златно-црвена боја.