УЈП: Пресметките за хонорарите ќе ги објавиме до крајот на неделата

Од:

До крајот на оваа недела, Управата за јавни приходи ќе ги објави насоките со кои ќе се знае како ќе се вршат пресметките за исплаќање надомест за хонорарите поголеми од 9.590 денари.

Како што објави „Мета“, испративме прашања до Министерството за труд и социјална политика за тоа дали навистина има известување во кое се бара да не исплаќаат хонорари поголеми од 9.590 денари сè додека на интернет-страницата на ПИОМ не биде објавено известување за тоа како ќе се вршат пресметките.

Само кусо ни одговорија: „имате погрешна информација“.

Телефонски побаравме објаснување за тоа која информација ни е погрешна и добивме одговор дека немало никакви известувања од ПИОМ, но на прашањето дали реалната ситуација е таква и дали навистина ќе доцнат хонорарите, портпаролот Маријан Гиовски ни кажа дека е „во гужва“ и дека „ќе нè бара подоцна“. Одговор сè уште немаме.

Од ПИОМ, пак, ни одговорија дека треба да се обратиме во УЈП, од каде ни рекоа дека до крајот на неделава ќе бидат објавени насоките.

Би можело да ве интересира

УЈП: Мобилната апликација „МојДДВ“ во моментов работи со прекини

Петрова: Дискотеката „Пулс“ ја платила глобата за неправилности во готовинските плаќања, запечатен бил кафе-барот на истиот сопственик

УЈП ги „потсетува“ трговците: Издавајте фискална сметка за секоја наплатена стока или услуга

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП