(ВИДЕО) Манчевски: Цената на водата да се намали 30%

Од:

Советничката група на СДСМ и коалицијата во советот на Град Скопје поднесе иницијатива за намалување на цената на водата за пиење за 30%. Тоа би значело дека од сегашните 29,39 денари за еден метар кубен вода кои ги плаќаат граѓаните, од сега би плаќале по 20,57 денари, рече на денешната прес-конференција, Дамјан Манчевски, потпретседател на СДСМ и координатор на Советничката група на СДСМ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

„Иницијативата ја поднесовме од повеќе причини:

  • Зголеменото ниво на сиромаштија кај граѓаните и намалената куповна моќ. Водата е еден од основните природни ресурси за живот и мора да остане достапна за сите граѓани.
  • ЈП Водовод и канализација има пари за луксузна барокна административна зграда од минимум 10 милиони евра. Кога веќе има пари да се луксузира, најмалку што може да направи е да ја намали цената на водата за граѓаните.
  • Коце Трајановски оваа година ќе потроши над 46 милиони евра за Скопје 2014, односно за раскош и луксуз. Откажувањето од само дел од раскошот и луксузот ќе овозможи да се реализира предложеното намалување на цената на водата.
  • Процентот на наплата на вода во Скопје се движи околу 60%, што значи дека постојат значителни загуби на чиста вода за пиење. Сметаме дека со намалувањето на цената, ќе се подобри и процентот на наплата, односно зголемат приходите на ЈП.
  • Дел од загубите отпаѓаат на неколку големи стопански субјекти и овој проблем се провлекува долго време. Намалената цена би била мотивација тие конечно да почнат да ги плаќаат своите сметки за вода.

 

Во текот на дебатата за време на седницата на советот ќе ги презентираме во детали нашите аргументи за намалување на цената на водата за 30%. Се надеваме на поддршка од страна на сите советнички групи во советот, бидејќи од намалувањето на цената за водата корист ќе имаат сите граѓани на Скопје, без разлика на нивната национална, верска или политичка определба“, изјави Манчевски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојановски: Дојранското Езеро пресушува – хидросистемот Ѓавато не функционира

(ВИДЕО) Јанковиќ: Младите во Македонија спасот го гледаат во странство – бројот на вработени намален за 17.000

СДСМ: Скапо ја плаќаме неспособноста на Мицкоски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?

Шукова: Верувам дека културата не е трошок, туку инвестиција во иднината на еден град

Требаше да биде кандидат на СДСМ, а му се приклучи на тимот на Ѓорѓиевски во трката на Скопје