Заложничка криза во хотел во Триполи

Од:

Група вооружени мажи упаднаа денеска во хотелот „Коринтија“ во либискиот главен град Триполи, каде како заложници држат засега непознат број лица.

При упадот во хотелот, во кој главно престојуваат странци, се убиени тројца припадници на хотелското обезбедување. 

Портпаролот на Агенцијата за безбедност во Триполи, Есам Ал-Нас изјави дека престрелките со напаѓачите продолжуваат.

Менаџерот на хотелот, Хасан ал-Абеј истакна дека петмина маскирани напаѓачи влегле во хотелот, пукајќи во воздух.

Ал-Абеј додаде дека хотелот бил евакуиран пред напаѓачите да се судрат со обезбедувањето и активирале автомобил-бомба на паркингот пред објектот.

Одговорност за нападот врз „Коринтија“ презедоа борци на џихадистичката група Исламска држава (ИД) во Либија.

Во порака на социјалната мрежа Твитер, огранок на ИД во западниот дел на Либија напиша дека нивни џихадисти упаднале во хотелот, кој е познат по тоа што во него најмногу престојуваат странски дипломати и либиски функционери.

Во Триполи бомбашките напади се честа појава откако во 2011 година започна граѓанска војна во Либија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Драматичнa ситуација во Дерна: Илјадници трупови се распаѓаат под урнатините

На плажа во либискиот град Дерна пронајдени се 400 тела

(ВИДЕО) Морето исфрла тела на жртви од Дерна стотици километри подалеку

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Се стравува дека во Либија загинале 20.000 луѓе: „Бранот од седум метри урна згради во морето“

Уништените брани кои ја предизвикаа катастрофата во Либија ги изградија југословенски компании

(ВИДЕО) Либија: Морето постојано исфрла десетици тела

Горан Наумовски