(ВИДЕО) ВМРО-ДПМНЕ: Заев да одговори за имотот на Шилегов

Од:

ВМРО-ДПМНЕ бара одговори од претседателот на СДСМ Зоран Заев за, според владејачката партија, стекнатиот имот од околу милион евра на портпаролот Петре Шилегов.

– Кога веќе Шилегов ги избегнува прашањата од јавноста за своите сомнителни зделки, го прашуваме Зоран Заев како претседател на СДСМ и негов надреден да одговори. Дали Зоран Заев мисли дека 130 илјади евра за злато се луксуз или не се луксуз? Дали Зоран Заев мисли дека е нормално просечен човек во Македонија да може да купи уметнички слики од 50.000 евра?, праша на прес-конференција Александар Стојкоски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Стојкоски го праша Заев да каже што „мисли од кај му се на Шилегов парите, со оглед на фактот што вели дека златото го стекнал со купопродажен договор, дали смета дека лажните кирии, со кои пари им легнуваат на сметка на Радмила Шекеринска и Петре Шилегов, се оправдани, дали станот на Шекеринска вреди за кирија од 5.000 евра и дали во станот на Шилегов може да функционираат четири фирми“.

Тоа, според ВМРО-ДПМНЕ, се прашања кои останале неодговорени од најблиските соработници на Заев, а во СДСМ го довеле до совршенство моделот на богатење преку сомнителна исплата на кирии.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус