Ова вкусна закуска потекнува од Египет од каде протоа се проширила и на источниот дел на Медитеранот и северна Африка. Се обликуваат топчиња отприлика со дијаметар 3-10 см, во зависност од земјата и регионот. Се служат со хумус, печен зеленчук и лепињи.
Потребно е:
240 гр наут
100 гр кромид
2 чешниња лук
2 лажици сецкан свеж магдонос
1 лажица сецкани листови коријандер
1/4 лажиче мелен ким
2 лажици пченично брашно
1 лажиче сол
прстофат црн бибер
масло за пржење
Подготовка:
– Наутот ставете го да отстои цела ноќ во вода и утредента ставете го да се вари додека не омекне. Исцедете го.
– Во електричен блендер ставете ги исцедениот наут, кромидот, лукот, исецканиот магдонос и коријандер, ким, брашно, сол и бибер и ситно иситнете ги.
– Смесата оставете ја да стои 1-2 часа. Потоа со влажни раце земајте од смесата и правете мали топчиња со големина на орев.
– Пржете ги во повеќе загреано масло додека да добијат убава златно-црвена боја.
– Послужете ги топли со хумус и лепиња.