ДЗС: Стабилна состојбата во погодените подрачја од врнежите

Од:

Стабилна е состојбата во погодените подрачја во државава со пообилни врнежи од дожд. Екипи на Дирекцијата за заштита и спасување преку подрачните одделенија се на терен и ја следат состојбата.

Во погодените подрачја и нивната околина, според ДЗС, е зголемено нивото на подготвеност заради евентуално ангажирање на капацитетите на Дирекцијата.

Стабилна без поголеми проблеми е состојбата во подрачјата на Гевгелија, Крива Паланка, Македонски Брод, Струмица, Куманово, Штип, Радовиш, Кочани, Неготино, Велес, соопштува во денешниот преглед за состојбата со врнежите Дирекцијата за заштита и спасување.

Според ДЗС, на територијата на Крива Паланка, на терен ќе работат 2 екипи на чистење на пропустите, а оспособени се патиштата кон Трново, Огун и Нерат. Ангажирана е ДЗС со багер од Куманово на чистење на поголем пропуст. Настанатите одрони на патот предизвикани од Дурачка река ќе се транспортираат со два камиони кон Мизовски ливади.

Во Кумановско водостојот и понатаму се намалува, а нема нови опасности и загрозувања. Надлежните институции ја следат состојбата. Во Прибиштип локалната самоуправа работи на санирање на клизиштето во дожина од 35 метри на регионалниот пат Киселица-Злетово и на санација на мостот на регионалниот пат Пробиштип-Свети Николе.

Дирекцијата за заштита и спасување информира и дека од вчера се ангажирани три багери и еден камион за санирање на поплавите во Штип. Од завчера три багери и еден камион на ДЗС работат на справување со поплавите во Општина Карбинци во селото и течението на реката Лакавица. Продолжуваат активностите и во Општина Конче и се работи на санирање на патиштата со насипи, пополнување на дупки и друго.

Во Кочани, според ДЗС, состојбата е стабилна, без поголеми проблеми. Поплавено е во некои дворови во селата Чешиново и Облешево но тоа е поради зголемените подземни води. На некои места во Кочани има поплавено земјоделско земјиште.

На подрачјето на Општина Демир Капија, на патот Демир Капија – село Корешница е острането поплавувањето предизвикано од запречување на мостот од заглавени дрва. Водата се повлекува од поплавените земјоделски површини.

Во струмичкиот регион претставници на Дирекцијата се на состанок со раководителите на вештачките езера за да ги утврдат критичните точки за расчистување за да не дојде до повторно поплавување од престојните дождови и од преливање на акумулациите.

Напукнат е столб на мостот кај село Коњаре во Општина Гази Баба од каде побарале санација од Дирекцијата за заштита и спасување.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Невремето „Берт“ ја однесе првата жртва во Британија, илјадници без струја во Ирска

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Силното невреме направи штети во Битола, Штип и Охрид, се санираат последиците

Катерина Ѓуровски

Невремето без струја го остави целиот дебарски регион

Предраг Петровиќ

Силниот ветар однесе и дел од покривот на штипското училиште „Коле Нехтенин“

Предраг Петровиќ

Ветерот во Штип откорна дрвја и направи штета на автомобили и објекти

ВИДЕО: Над 60 жртви во поплавите во Шпанија

Катерина Ѓуровски