УЈП: Уништувањето на возилата нема да го спречи нормалното функционирање и контроли

Од:

Управата за јавни приходи, по вчерашниот инцидент во Битола, порачува дека уништувањето на службените возила или примената на други насилни методи нема да го спречат нормалното функционирање на УЈП, ниту контролите.

Управата за јавни приходи уште еднаш им порачува на локалните бизниси и несовесните граѓани, дека уништувањето на службените возила на УЈП или примената на други насилни методи, нема да го спречат нормалното функционирање на УЈП, ниту контролите.

Според УЈП ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретното место, општина, реон, работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, поради што контролите во наредниот период ќе бидат засилени.

Во Битола, од засега непознати сторители вандализирани се 6 службени возила на УЈП – Регионална дирекција – Битола. Од страна на СВР Битола направен е увид на лице место при што е констатирано дека со остар предмет се оштетени 15 гуми на службените возилата паркирани пред зградата на УЈП – Битола. Се преземаат мерки за откривање на сторителите.

Се претпоставува дека ова е реакција на несовесни граѓани на редовните заеднички инспекциски контроли на УЈП, МВР и Државниот пазарен инспекторат кои викендов се спроведоа на подрачјето на Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар и Македонски Брод.

Ова е втор инцидент оваа година, по случајот од Охрид каде, исто така, непознати сторители оштетија службено возило на УЈП.

Би можело да ве интересира

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница

ВМРО-ДПМНЕ: Парите што се краделе од СДС и ДУИ сега завршуваат во буџетот

Петрова ја презеде директорската функција во УЈП

Елена Петрова нов директор на УЈП, Бобан Николовски на Царинската управа

УЈП ја објави новата листа на должници: 1801 фирма и 3606 граѓани должат 160 милиони евра

A1on