Излезни анкети: Сириза победи на предвремените парламентарни избори во Грција

Од:

Сириза води пред Нова демократија со 12,5 проценти од гласовите, покажуваат излезните анкети од денешните предвремени парламентарни избори во Грција.

Според излезните анкети, Сириза во просек освоила 37,5 од гласовите, распонот на гласовите во различните анкети се движи од 35,5 до 39,9 проценти, Нова демократија 25 проценти (од 23 до 27 отсто), а третото место засега го делат Потами со 7,2 проценти (распон од 6,4 до осум) и Златна Зора со потполно исти бројки.

565198_grcka-ap_ff

Според излезните анкети, прагот од минимум три проценти за влез во парламентот го поминале и Комунистичката партија на Грција (5,2), ПАСОК (4,7), Независни Грци (четири проценти), додека Движењето на демократи социјалисти на Јоргос Папандреу има освоено 2,7 проценти од гласовите, но распонот на гласовите се движи од 2,2 до 3,2 отсто, што значи дека можеби и ќе освои некое пратеничко место.

565197_grcka-izbori-ap_f

Според овие проценти, се очекува Сириза да добие од 146 до 158 места во парламентот, односно 152 како средна бројка, Нова демократија 70 (од 65 до 75), Златна зора 19,5 (од 17 до 22), Потами 19,5 (од 17 до 22), Комунистичката партија на Грција 14,5 (од 13 до 16), ПАСОК 13,5 (од 12 до 15) Независни Грци 11,5 (од 10 до 13) и Движењето на демократи социјалисти може да добие од нула до осум места во грчкиот парламент.

565202_grcka-izbori-ap2_f

Би можело да ве интересира

Маринакис: Другата страна не ги почитува основните работи, односно името на земјата, која не се вика Македонија, туку Северна Македонија

Каселакис: Меморандумите се позитивни за Грција и од геополитички и од економски причини

Сè додека трае оваа ситуација нема да ги ратификуваме меморандумите, повторно порака од Грција

Катерина Ѓуровски

Грчкиот Ејџијан Ерлајс ја прекина продажбата на билети за сезонската авиолинија меѓу Скопје и Крф

Катерина Ѓуровски

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до договорот за промена на името

Орце Костов

Договорот од Преспа не се менува и не се ревидира еднострано, нова порака од Грција