ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ во отсуство на идеи се занимава со измислување квази скандали

Од:

СДСМ во отсуство на идеи, конкретни предлози и решенија се занимава со измислување на квази скандали, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– За волја на вистината е фактот дека во Македонија и во Скопје се гради изминативе неколку години отткако ВМРО-ДПМНЕ е на власт. Сега во Скопје се градат нови плоштади, паркови, но и водоводи, се набавија 313 нови автобуси, се изградија булеварите Илинден, Србија, Борис Трајковски, Теодосиј Гологанов, Климент Охридски, Трета Македонска Бригада, огромен број други улици, канализации, реконструкција на училишта и уште голем број на други проекти кои се во интерес на граѓаните и кои Скопје го претвораат во вистинска метропола, се наведува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат социјалдемократите да излезат пред граѓаните и да одговорат за скандалите во кои што се вмешани нивните највисоки функционери.

– Отткако СДСМ увидоа дека до гуша им е заглавен во скандали нивиниот портпарол Петре Шилегов, се решија да го сменат и да го пуштат Манчевски, стои во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, Дамјан Манчевски нема никаков кредибилитет да зборува на оваа тема, бидејќи, како што посочуваат „тој зад себе нема еден единствен проект туку само напори и битки да биде позициониран што поблиску до неговиот ментор Радмила Шекеринска“.

Од ВМРО-ДПМНЕ истакнуваат дека јавноста сеуште очекува одговор за скандалите кои ги обелодениле пред неполна година во кои потпретседателот на СДСМ, Манчевски како основач и сопственик на фирмата „Метро паркинг плус” го добива тендерот за одржување и стопанисување на паркинзите во Куманово, со помош на кумановскиот градоначалник Зоран Дамјановски.

– СДСМ треба да престане со ваквите деструктивни политики и измислени скандали и да се насочи да им понуди на граѓаните програма со конкретни решенија и проекти, затоа што граѓаните препознаваат кој работи за нивно добро, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Агенцијата за обезбедување од „Пулс” на иста адреса со функционер на ДПМНЕ, обвинува Левица

Апасиев: Секојдневни убиства и пукања, а ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го либерализираат оружјето

Филипче од одмор пишува статуси за Кочани, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Спасовски: Законот за Кочани беше можност да покажеме единство, солидарност и промена на системот

СДСМ: Реформските закони за правосудство ги нема, Филков да не ги опструира работните групи

Продолжуваат препукувањата:Таравари е уценет од ДУИ обвини ВМРО, влада во неволја очекувано е да клевети одговри тој

Катерина Ѓуровски