Според последниот извештај на германската Централна банка минатата година во германската трговија циркулирале 3,3 милиони евра. Најголемата европска еконимија во 2014 година забележала пораст на фалсификувани евра во висина од 63 проценти.
Членот на извршниот одбор на Бундесбанката Карл – Лудвиг Тиеле вели дека минатата година фалсификаторите биле поактивни во дистрибуција на лажни пари.
Најголем број од лажнните банкноти се 50 евра а по нив следат „дваесетките“.
Во исто време германските банкари забележале намалување на лажни монети, најчесто на оние со највисоката вредност од две евра.
На европско ниво во земјите каде што се користи еврото според европските финансиски власти забележани се 838 илјади случаи на фалсификувани евра што е пораст од околу една четвртина споредено со 2013 година и највисоко ниво од 2009 година, пренесува Дојче Веле.
Само во втората половина на 2014 година забележани си 507 илјади случаи на фалсификување што е нов рекорд.
И покрај овие трендови Германската национална банка не е загрижена. Од таму велат дека бројките на лажни пари во споредба со вкупната бројка од 16 милијарди вистински евра кои што се во оптек се минорни и не треба да загрижуваат.