МВР го товари Верушевски за прикажување детска порнографија

Од:

МВР се огласи со соопштение за синоќешното апсење на поранешниот директор на ДБК, Зоран Верушевски.

Верушевски пред полноќ беше приведен од неговиот дом и однесен пред истражен судија. Сето ова се одвиваше пред телевизиски камери.

МВР го товари за две кривични дела – „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали казниво  и „Прикажување порнографски материјал на дете“.

Како што соопшти МВР, при претресот во неговиот дом биле најдени  два пиштола (Бровинг-Херстол калибар 9мм и Црвена застава М 70, калибар 7,65 мм), за кои во моментот на претресот и одземањето на оружјето не била најдена дозвола за легално поседување. Покрај претресот, постапено е и по наредба за одземање компјутерски систем и нивна анализа.

– При првичните дигитално-форензички испитувања, утврдени се обележја за сторено кривично дело „Прикажување порнографски материјал на дете“, за што веднеш писмено е известен и надлежниот Јавен обвинител. Дигатално форензичката анализа на одземените материјали ќе продолжи во текот на наредните денови, информира МВР.

 

Би можело да ве интересира

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Во сообраќајка згасна животот на татко и син од Марино – се судрија со автомобил управуван од 19 годишник

А1он