МОН: Екстерно тестирање на матурантите од понеделник

Од:

Министерството за образование и наука и Државниот испитен центар информираат дека од 26-ти до 30 јануари ќе се спроведе екстерна проверка на постигањата на знаењата на учениците од завршните години (трета и четврта) во средните училишта, согласно објавените распореди на интернет-страницата prasanjaeksterno.dic.edu.mk.

На наведената интернет-страница е објавен и јавниот базен со вкупно 50.400  прашања на македонски, албански и на турски јазик, кои ќе бидат дел од тестовите за гимназиско и за стручно образование за сите струки, насоки и предмети.

– Во оваа фаза со процесот на екстерната проверка на постигањата на учениците ќе бидат опфатени вкупно 20.567 ученици од завршните години (трета и четврта година) во 98 средни училишта, како и 3.923 наставници по 2.622 предмети. Резултатите ќе бидат објавени на 2 февруари 2015 година, соопшти Министерството за образование и наука.

Би можело да ве интересира

МОН: Загадувањето на воздухот во затворени простории понекогаш може да биде полошо од надворешното ако не преземеме мерки

Горан Наумовски

Во Кочани над 50 наставници останаа без работа

МОН објави конкурси за стипендии за најдобрите универзитети во академската 2025-2026 година

Јаневска: МОН со закон ќе го официјализира дуалното образование

МОН: Над 1.000 асистенти во новата учебна година ќе бидат поддршка на учениците со попреченост

МОН: Од утре ќе се исплаќа неисплатената финансиска поддршка за основци и средношколци