Норвежанец од Осло испил некоја чашка повеќе, па одлучил да не вози, туку да отспие на задното седиште од својот автомобил. Но, се разбудил на улица во Гетеборг во Шведска.
Додека безгрижно спиел и се трезнел, двајца разбојници влегле во неговиот автомобил, го украле и го одвезле во соседна Шведска. По неколку часа возење 50-годишникот се разбудил на бетонски под пред железничката станица во Гетеборг, целосно изненаден.
Не знаел што друго да направи, па повикал полиција, пријавил кражба на возилото и побарал нивна помош. Полицијата набрзо ги уапсила крадците, а клучевите од колата му ги вратила назад на сопственикот.