Новиот крал на Саудиска Арабија, Салман во денешното прво обраќање кон поданиците вети дека нема да се промени политиката на блискоисточната монархија.
– Со божја сила ќе останеме на правиот пат, по која нашата земја се движи од создавањето од страна на кралот Абдул Азиз и по која поминуваше во годините на владеењето на неговите синови, посочи кралот Салман.
Тој повика на единство меѓу муслиманите и арапските држави и вети дека ќе ја чува земјата од секакви зла.
Салман е брат на покојниот крал Абдула.
Новиот крал денеска за претстолонаследник го прогалси принцот Мухамед ибн Најеф ибн Абдул Азиз Ак Сауд, кој досега беше министер за внатрешни работи.
Кралот Салман еден од неговите синови Мухамед ибн Салман Ал Сауд го именува за министер за одбврана, досега тој беше шеф на кабинетот на татко му. Другите министри остануваат на истите функции.