Директорот на безбедносните сили на либискиот град Сирт, кој е под контрола на вооружените групи денеска е убиен. Во инцидентот загина и неговиот возач.
Неидентификувани лица отвориле оган и го убија директорот на службата за безбедност, полковник Сенуси Кејба и неговиот возач, во центарот на Сирт. Напаѓачите успеале да избегаат.
Сирт, на околу 500 километри источно е под контрола на вооружени групи, меѓу кои и Ансар ал Шарија, терористичка група според ОН, како и „Фаџр Либија“ (Либиска зора) која ги обединува исламистичките милиции. „Фаџр Либија“ во август минатата година имаше контрола над Триполи.