ВМРО-ДПМНЕ: Катните гаражи се потребни заради сообраќајниот метеж

Од:

Катните гаражи се објекти изградени со цел да се реши сообраќајниот метеж кој владее во градот и требало многу порано да се изградат како во Скопје, така и во останатите градови во Македонија, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Петре Шилегов.

СДСМ, се нведува, се обидува да ги проблематизира катните гаражи, иако целокупната постапка за нивна изградба е водена законски, а за секоја катна гаража е одржана електорнска аукција.

– Ова е навистина крајно манипулаторски начин за спинување на Шилегов и СДСМ од скандалите кои директно се врзуваат за нив. Петре Шилегов, наместо да се занимава со манипулации и фингирање скандали, нека се позанимава со вистинските скандали во кои тој е заглавен до гуша, вели ВМРО-ДПМНЕ и ги повтори прашањта за то дали неговата сопруга поседува или не имот од кој добива месечна закупнина од 700 евра, дали има договори за закупнина со 4-те фирми кои се кираџии во неговиот стан и дали ги пријавува сите извори на приходи или има уште приходи од сомнителни извори.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик