Њутаун: Ќе се урне куќата на Адам Ланза

Од:

Куќата во која живееше дваесетгодишниот Адам Ланза, кој во 2013 година уби 20 деца и шест вработени лица во училиштето Сенди Хих во Њутаун, ќе биде урната, бидејќи банката која ја купи по злосторството не успеа да ја продаде.

– Сите ние кои живееме во градов, по неколку пати на ден поминуваме покрај неа, а таа не потсетува на злото кое се случи. Тешко е да се тргне напред доколку постои нешто такво- навел еден сосед во допис до управата на градот.

Како што пренесуваат медиумите по повеќето жалби од граѓаните, управата донела одлука да ја урне куќата, а парцелата да остане празна.

Доколку сепак подоцна биде продадена парцелата, парите од имотот ќе бидат употребени за помош на семејствата на жртвите од масакрот, кој го потресе светот.

Е. Г.

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас