Контрадемонстранти го спречиле големиот протест на ПЕГИДА во Лајпциг

Од:

„Патриотските Европјани кои сакаат да го заштитат западот од исламизација“ не успеаа да организираат масовни протести во Лајпциг каде што вчера вечер се најавуваа дури и до сто илјади луѓе вклучувајќи ги и тие што демонстираат против ПЕГИДА.

Причината за помалиот број демонстранти се десетината групи контрадемонстранти кои ги спречувале приврзаниците на ПЕГИДА или ЛЕГИДА како што во Лајпциг се нарекува ова движење.

Германската полиција распоредила 4000 припадници на специјалните единици кои што имаат задача да спречат судир меѓу двете групи.

Контрадемонстрантите ги блокирале улиците во близина на главниот плоштад во Лајпциг – Аугустплаз и не дозволувале приод на членовите на ПЕГИДА до протестот кој е организиран откако германските власти во понеделникот го забранија протестот во Дрезден поради смртни закани за лидерот Луц Бахман.

Тој си даде оставка од советот на движењето откако весникот Билд објави фотографија на која тој позира во стилот на Хитлер.

Би можело да ве интересира

По неколку напади врз левичарски политичари во Германија и претставниците на АфД беа нападнати

Горан Наумовски

Четворица тинејџери под истрага за нападот на германскиот пратеник Матијас Еке

Германија стравува дека утре ќе избијат немири, илјадници полицајци пристигнуваат во Берлин

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

Русин со нож усмрти двајца Украинци во Германија

Првиот германски разузнавач: И Русите се подготвени за саботажа

Горан Наумовски