Американскиот интернет гигант „Гугл“ е подготвен да инвестира милијарда долари во „СпејсХ“, компанија за развој и производство на вселенски летала и возила во сопственост на Елон Муск, објави „Волстрит Џурнал“.
Инвестицијата се однесува на проект за пристап до интернет од оддалечени зони преку мрежа на мали сателити во ниска орбита, пишува американскиот економски весник.
Елон Маск, кој е познат по производството на електрични возила Тесла, идејата ја претстави во ноември минатата година.
„Гугл“ веќе има некои програми од таков вид, во кои не користи сателити, туку балони како ИРЦ мрежа. Станува збор за проектот Лун кој овозможува интернет пристап во рурални и неразвиени подрачја.
Американската компанија минатата година ја презема и компанијата за производство на соларни дронови „Титан Аероспејс“.