Потребно е:
1/2 лист поголема обланда
за темниот дел:
600 гр суви сливи
100 мл вода
125 гр маргарин
200 гр чоколадо за готвење (посно)
100 гр мелени кекси
за посветлиот дел:
200 гр шеќер
200 мл вода
125 гр маргарин
250 гр кокос
за преливот од чоколадо:
100 гр чоколадо
4 лажици масло
Подготовка:
– Сувите сливи сомелете ги или ситно исецкајте ги. Во еден сад ставете ги сувите сливи, 100 мл вода и 125 гр маргарин и ставете го садот на рингла да почне да врие водата. Потоа додадете го чоколадото и мешајте додека не се растопи.
– Садот тргнете го од рингла и додадете ги мелените кекси. Оваа смеса уште додека е топла ставете ја на 1/2 лист од поголема обланда. Израмнете и оставете да се излади убаво.
– Сега преминете на подготовка на посветлиот дел. Во еден сад на рингла ставете 200 гр шеќер, 200 мл вода и кога кога ќе се растопи шеќерот додадете 125 гр маргарин да се растопи и потоа додадете 250 гр кокос. Белата смеса ставете ја над темната додека е уште топла.
– Истопете 100 гр чоколадо со 4 лажици масло и прелијте го колачот. Оставете убаво да се излади и да се стегне чоколадото и исечете го колачот на правоаголници.